Хемиски процеси - вежби
1. При одвивање на дадените процеси се случуваат физички или хемиски промени? Објасни!
а) Образување на течна вода со согорување на водород во
кислород
б) Испарување на ацетон
в) Жарење варовник при што се добива јаглерод диоксид и
калциум оксид
г) Гасење вар
д) Сублимација на јод
ѓ) Добивање јаглерод диоксид со целосно согорување на
графит
е) Ослободување на водород при дејство на вода на алкален
метал
ж) Образување на течна вода со топење на мраз
з) Растворање на сода бикарбона во вода
ѕ) Топење на железна руда во високи печки
и) образување на магнезиум оксид при горење на
магнезиумова лента
2. Дополни ги
исказите:
A) Супстанците
што секогаш ги има во реакциониот систем на почетокот во реакцијата се нарекуваат____________________ . Нивното количество во текот на реакцијата се _________________ .
Б)
Супстанците што се создаваат во текот на реакцијата се нарекуваат ______________ . Нивното количество во текот на
реакцијата се ____________________ .
В) ____________________
реакции се одвиваат се додека барем еден од ____________________ не исчезне од
реакциониот систем.
Г)Ако на
крајот на реакцијата се присутни мерливи количества од сите учесници, реактанти
и продукти реакцијата е ___________________. Во
оваа состојба истовремено се одвиваат две реакции ______________________ и ___________________.
3. Во кој случај кај неповратните реакции ќе има мерливо
количество на некој од реактантите?
4. Во кој тип на реакции може да се вклучат следниве
процеси:
а)
2Al + Fe2O3 " Al2O3 +
2Fe
б)
Ca(HCO3)2 " CaCO3 + CO2 + H2O (со доведување на големо количество топлина)
в)
2H2 + 2NO
= N2 + 2H2O
г)
Mg(HCO3)2 " MgCO3 + CO2 + H2O
(со доведување на големо количество топлина)
д)
Cu + O2
+ CO2 + H2O " Cu3CO3(OH)2
ѓ)
2Al + 3Hg(NO3)2 " 2Al(NO3)3 + 3Hg
е)
2H2O " 2H2
+ O2 (под дејство на
електрична струја)
ж)
K2SO4 + BaCl2 " BaSO4
+ 2KCl
з)
2Al + 3Hg(NO3)2 " 2Al(NO3)3 + 3Hg
ѕ)
3Ca(OH)2 + 2H3PO4 " Ca3(PO4)2 + 6H2O
5. Дополни ја табелата:
|
Разложување под дејство
на |
Назив на процесот |
|
топлина |
|
|
јонизирачко зрачење |
|
|
светлина |
|
|
електрична струја |
|
5. За наведените реакции
напиши ги равенките во кои ќе бидат
претставени агрегатните состојби на
учесниците и определи го типот на
реакцијата.
a) Ако врз зажарен јаглен се спроведува водена пара се
образува т.н. воден гас, смеса од водород и јаглерод моноксид.
б) При реакција
помеѓу раствор на натриум бромид и хлорна вода (растор на хлор во вода) се
добива раствор од бром и раствор од натриум хлорид.
в) Ако во раствор
од бакар(II) сулфат, којшто е со сина боја, се стави парче
цинк растворот постепено ќе се обезбои, а на дното од садот ќе се исталожат
парчиња бакар.
г) Ако на воден
раствор од сребро нитрат се додаде раствор од натриум хлорид се добива раствор
на натриум нитрат и цврст сребро хлорид кој како талог паѓа на дното на садот.
д) Ако се
помешаат раствори од олово(II) нитрат и калиум јодид се добива жолт
талог од олово(II) јодид.