mardi 25 novembre 2025

ПРОТОЛИТИЧКИ РЕАКЦИИ- ВЕЖБИ

 Доврши ги равенките и означи ги со K1, K2, B1, B2, Бренштед-Лориевските киселини и

бази:

➢ HCl + H2O ⇄

➢ CH3COO- + H2O ⇄

➢ HCN + H2O ⇄

➢ NH3 + H2O ⇄

➢ CH3COOH + H2O ⇄

➢ CN- + H2O ⇄

➢ H2CO3 + H2O ⇄

➢ CH3COOH + CH3COOH ⇄

➢ HCl + NH3 ⇄


mardi 11 novembre 2025

Јонски равенки-вежби

 Јонски равенки-вежби

Напиши хемиска равенка, полна јонска равенка и ефективна јонска равенка за
следните реакции (определи кои јони се јони набљудувачи):
1) натриум фосфат + магнезиум хлорид = натриум хлорид+ магнезиум фосфат(талог)
2) бариум хлорид + натриум сулфат = бариум сулфат(талог) + натриум хлорид
3) калциум нитрат + калиум флуорид = калциум флуорид(талог) + калим нитрат
4) натриум карбонат + бариум нитрат = натриум нитрат + бариум карбонат (талог)
5) калиум хлорид + олово(II) нитрат = калиум нитрат + олово(II) хлорид(талог)
6) амониум карбонат + калциум хлорид = амониум хлорид + калциум карбонат (талог)
7) олово(II) нитрат + калим хромат = олово(II) хромат (талог) + калиум нитрат
8) жива (II) нитрат + сулфуроводородна киселина = жива(II) сулфид (талог) + азотна
киселина
9) бизмут(III) хлорид + сулфуроводородна киселина = бизмут(III) сулфид(талог) +
хлороводородна киселина
10) натриум карбонат + хлороводородна киселина = натриум хлорид + jаглерод
диоксид(g) +вода(l)
Помош: Во зависност од составот, анјоните и катјоните може да бидат едноатомскии и
повеќеатомски.
Едноатомски катјони : H+ , Mg2+, Ca2+, Fe3+ ,Hg2+ и др.
Едноатомски анјони : Cl, Br, I, S2-и др.
Повеќеатомски катјони : NH
4
+
и др.
Повеќеатомски анјони : NO
3
, SO
4
2–
, CO
3
2–
, PO
4
3–
, CrO
4
2-
и др.

mardi 4 novembre 2025

Кинетика на хемиските реакции и Хемиска рамнотежа - повторување

Прашања од Кинетика на хемиските реакции


ГРУПА 1

1. Како се дефинира брзината на реакциите?

2. Како се објаснува влијанието на концентрацијата врз брзината на реакциите?

3. Објасни што се подразбира под поимот температурен коефициент?

4. Што е активиран комплекс и од кои честички се состои?

5. Што се тоа катализатори,  а што каталитички процеси?

6. Која е разликата во механизмот на една катализирана и некатализирана реакција? 

7. Кои се етапите кај хетерогена катализа?

8. Што се биокатализатори и која е нивната улога?

9. Што претставуваат ензимите по состав?


ГРУПА 2

1. Како се дефинира изразот за промена на концентрацијата на некој од учесниците во реакцијата и зошто фигурираат знаците плус и минус?

2. Што се тоа неповратни, а што повратни реакции?

3. Зошто се поставуваат теории во хемиската кинетика?

4. Како се објаснуваат егзотермни и ендотермни процеси врз основа на разликата меѓу енергијата на реактантите и онаа на продуктите?

5. Наброј најмалку 4 најважни карактеристики на катализаторите!

6. Каде се одвива реакцијата на хомогена катализа и од чија концентрација зависи?

7. Што се тоа автокаталитички реакции?

8. Две реакции се разликуваат по вредностите за енергиите на активација. Која од нив ќе тече побрзо-онаа со помала или онаа со поголема енергија на активација? 

9. Кои реакции се викаат фотохемиски?


ГРУПА 3

1. Од кои фактори зависи брзината на реакциите?

2. Какво влијание има температурата врз брзината на хемиските реакции?

3. Што е ефикасен, а што неефикасен  судир?

4. Што е енергија на активација, како се означува и во кои единици се мери?

5. Што е тоа хомогена катализа?

6. Кога хетерогената катализа е побрза и во каква форма се прават катализаторите за таа цел?

7. Наброј најмалку 3 причини поради кои се важни катализаторите! 

8. Зошто се вели дека катализаторите се специфични?

9. Наброј барем 3 вида фотохемиски реакции!


Задачи-Константа на рамнотежа


Важно: пред решавање на задачите равенките треба да се израмнат!

 1.      Кој е изразот за константа на рамнотежа, Кс за следните реакции (израмни):

 а) N2 (g) +  H2 (g)   NH3 (g)

 б)  SO2 (g) +  O2 (g)       SO3 (g)

 в)  C (s) + H2 (g)   C2H6 (g)

 г) Cu (s) + 2 Ag+ (aq)  Cu+2 (aq) + Ag (s)


 2.      За реакцијата N2 (g) + O2 (g)   NO (g) рамнотежните концентрации се :

 c(N2 ) = 0, 10 mol/ l,  c(O2) = 0, 20 mol/ l,  c(NO) = 0, 40 mol/ l

Реакцијата е егзотермна.

а) Пресметај ја вредноста на Кс!

б) Во која насока се поместува рамнотежата ако се зголеми притисокот?

в) во која насока се поместува рамнотежата ако се намали температурата?

 

3. За  реакцијата NO2 (g)   N2O4 (g)

Во рамнотежа, концентрацијата на учесниците е соодветно:  3, 0 mol/l на NO2 (g) et 4 mol/l на N2O4 (g).

а) Која е вредноста на Кс?

б) Во која насока се поместува рамнотежата ако се намали притисокот?

в) во која насока се поместува рамнотежата ако се зголеми температурата?

4. За реакцијата NO(g) N2 (g) + O2 (g) Δ rH >0, рамнотежните концентрации изнесуваат:

 c( N2 ) = 1,20 mol/ l 
c(O2) = 2,40 mol/ l
c(NO) = 4,80 mol/ l

а) Претстави ја реакцијата со график преку образување на активиран комплекс!            

б) Пресметај ја вредноста на константата на рамнотежа изразена преку концентрација на учесниците за оваа реакција!   

в) Во која насока ќе се помести рамнотежата ако се намали концентрацијата на  NO?      Објасни!

г) Во која насока ќе се помести рамнотежата ако се зголеми  притисокот? Објасни!  

     

5. Во сад во кој бил внесен гасовит сулфур и водород, по воспоставувањето на хемиска рамнотежа на 954 °C, било утврдено дека рамнотежните концентрации изнесуваат, c(H2) = 0,076 mol/L, c(S) = 1,6·10–6 mol/L и c(H2S) = 0,093 mol/L. Реакцијата е егзотермна.

a) Да се напише хемиската равенка за оваа реакција

б) Да се пресмета константата на хемиската рамнотежа.

в) Во која насока ќе се помести рамнотежата ако се намали притисокот? Објасни!        

г) Во која насока ќе се помести рамнотежата ако се намали температурата? Објасни!      




ХИДРОЛИЗА НА СОЛИ-ВЕЖБИ

  Хидролиза на соли Сол Потекнува од Хидролиза во вода pH раствор NaCl NH₄Cl Na₂CO₃ NH₄CH₃COO KNO₃ NaF AlCl₃ Правило за брзо одредување на ...