lundi 13 novembre 2023

Задачи-Константа на рамнотежа

 1.      Кој е изразот за константа на рамнотежа, Кс за следните реакции (израмни):

 а) N2 (g) +  H2 (g)   NH3 (g)

 б)  SO2 (g) +  O2 (g)       SO3 (g)

 в)  C (s) + H2 (g)   C2H6 (g)

 г) Cu (s) + 2 Ag+ (aq) Cu+2 (aq) + 2 Ag (s)


 2.      За реакцијата N2 (g) + O2 (g)  2 NO (g) рамнотежните концентрации се :

 c(N2 ) = 0, 10 mol/ l,  c(O2) = 0, 20 mol/ l,  c(NO) = 0, 40 mol/ l

Реакцијата е егзотермна.

а) Пресметај ја вредноста на Кс!

б) Во која насока се поместува рамнотежата ако се зголеми притисокот?

в) во која насока се поместува рамнотежата ако се намали температурата?

 

3. За  реакцијата 2NO2 (g)   N2O4 (g)

Во рамнотежа, концентрацијата на учесниците е соодветно:  3, 0 mol/l на NO2 (g) et 4 mol/l на N2O4 (g).

а) Која е вредноста на Кс?

б) Во која насока се поместува рамнотежата ако се намали притисокот?

в) во која насока се поместува рамнотежата ако се зголеми температурата?

Прашања - Кинетика на хемиските реакции

 ТИМ А

1. Како се дефинира брзината на реакциите?

2. Како се објаснува влијанието на концентрацијата врз брзината на реакциите?

3.Објасни што се подразбира под поимот температурен коефициент?

4. Што е активиран комплекс и од кои честички се состои?

5. Што се тоа катализатори, а што каталитички процеси?

6. Која е разликата во механизмот на една катализирана и некатализирана реакција?

7. Кои се етапите кај хетерогена катализа?

8. Што се биокатализатори и која е нивната улога?

Резервно прашање: Што претставуваат ензимите по состав?


ТИМ Б

1. Како се дефинира изразот за промена на концентрацијата на некој од учесниците во реакцијата и зошто фигурираат знаците плус и минус?

2. Што се тоа неповратни, а што повратни реакции?

3. Зошто се поставуваат теории во хемиската кинетика?

4. Како се објаснуваат егзотермни и ендотермни процеси врз основа на разликата меѓу енергијата на реактантите и онаа на продуктите?

5. Наброј најмалку 4 најважни карактеристики на катализаторите!

6. Каде се одвива реакцијата на хомогена катализа и од чија концентрација зависи?

7. Што се тоа автокаталитички реакции?

8. Две реакции се разликуваат по вредностите за енергиите на активација. Која од нив ќе тече побрзо-онаа со помала или онаа со поголема енергија на активација?

Резервно прашање: Кои реакции се викаат фотохемиски?


ТИМ В

1. Од кои фактори зависи брзината на реакциите?

2. Какво влијание има температурата врз брзината на хемиските реакции?

3. Што е ефикасен, а што неефикасен судир?

4. Што е енергија на активација, како се означува и во кои единици се мери?

5. Што е тоа хомогена катализа?

6. Кога хетерогената катализа е побрза и во каква форма се прават катализаторите за таа цел?

7. Наброј најмалку 3 причини поради кои се важни катализаторите!

8. Зошто се вели дека катализаторите се специфични?

Резервно прашање: Наброј барем 3 вида фотохемиски реакции!

ХИДРОЛИЗА НА СОЛИ-ВЕЖБИ

  Хидролиза на соли Сол Потекнува од Хидролиза во вода pH раствор NaCl NH₄Cl Na₂CO₃ NH₄CH₃COO KNO₃ NaF AlCl₃ Правило за брзо одредување на ...