ТИМ А
1. Како се дефинира брзината на реакциите?
2. Како се објаснува влијанието на концентрацијата врз брзината на реакциите?
3.Објасни што се подразбира под поимот температурен коефициент?
4. Што е активиран комплекс и од кои честички се состои?
5. Што се тоа катализатори, а што каталитички процеси?
6. Која е разликата во механизмот на една катализирана и некатализирана реакција?
7. Кои се етапите кај хетерогена катализа?
8. Што се биокатализатори и која е нивната улога?
Резервно прашање: Што претставуваат ензимите по состав?
ТИМ Б
1. Како се дефинира изразот за промена на концентрацијата на некој од учесниците во реакцијата и зошто фигурираат знаците плус и минус?
2. Што се тоа неповратни, а што повратни реакции?
3. Зошто се поставуваат теории во хемиската кинетика?
4. Како се објаснуваат егзотермни и ендотермни процеси врз основа на разликата меѓу енергијата на реактантите и онаа на продуктите?
5. Наброј најмалку 4 најважни карактеристики на катализаторите!
6. Каде се одвива реакцијата на хомогена катализа и од чија концентрација зависи?
7. Што се тоа автокаталитички реакции?
8. Две реакции се разликуваат по вредностите за енергиите на активација. Која од нив ќе тече побрзо-онаа со помала или онаа со поголема енергија на активација?
Резервно прашање: Кои реакции се викаат фотохемиски?
ТИМ В
1. Од кои фактори зависи брзината на реакциите?
2. Какво влијание има температурата врз брзината на хемиските реакции?
3. Што е ефикасен, а што неефикасен судир?
4. Што е енергија на активација, како се означува и во кои единици се мери?
5. Што е тоа хомогена катализа?
6. Кога хетерогената катализа е побрза и во каква форма се прават катализаторите за таа цел?
7. Наброј најмалку 3 причини поради кои се важни катализаторите!
8. Зошто се вели дека катализаторите се специфични?
Резервно прашање: Наброј барем 3 вида фотохемиски реакции!
Aucun commentaire:
Enregistrer un commentaire